Вести Економија

Проблемите на текстилните работнички во Македонија исти како оние во Бангладеш

Случајот со текстилните работничките од поранешната штипска конфекција „Алкон Текс“ стигна и до меѓународната кампања „Чиста облека“. Откако стечајот им заврши во рок од неколку минути, а бидејќи нивната фирма, во која што шиеја остана без имот, никогаш не можат да ги добијат отпремнините, платите и придонесите. Работничките со помош на  „Гласен текстилец“ одлучија за нивните проблеми да слушнат и  брендовите за кои работи нивниот поранешен работодавач.

Претставничките од „Чиста облека“ велат дека работниците и во Романија, Бангладеш и во Македонија имаат исти проблеми. Најголем дел од пријавите во земјава се во делот на исплатата на плати.

За овој регион најчест проблем е платата. Не само неисплата на минално загарантираната плата, туку и неплаќањето на прекувремената работа, бонусите или празниците. Тука е честа работата за викенд, што се плаќа како обичен работен ден. А проблем се и договорите, бидејќи од него зависат и останатите бенефиции што го следуваат работникот“, вели Артемиса Љарја од „Чиста Облека“

 

„Понижувањето, викањето, користењето на навредлив јазик и малтретирањето, се нешта за кои добиваме се повеќе и повеќе пријави што е сосема недостоинствен третман на работниците“, вели Бетина Мусјолек од „Чиста облека“.

„Чиста Облека“  преку акции и кампања ги  алармираaт  потрошувачи и жителите од градовите каде се седиштата на големите брендови на кој начин се произведува она што го носат и така настојуваат  да се подобрат условите во текстилството и кожарството.  Апелираат брендовите ковид кризата да не ја користат како изговор за уназадување на правата и безбедноста на работниците.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе