Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија ќе ги подржи семејствата на жртвите во пожарот во тетовската модуларна болница, со еднократна финансиска помош во висина од 60.000 денари по семејство, соопштија од АСОМ.
- Ова е голема загуба за семејствата на кои во оваа прилика им изразуваме длабоко сочувство. Човечкиот живот е ненадоместлив и не постојат зборови за утеха. Но, во овие моменти на неизмерна болка и тага за блиските на починатите, сакаме да понудиме искрена поддршка и помош. Заедно со членките, едногласно и без двоумење одлучувме да донираме парични средства на сите семејства кои загубија свој близок во пожарот во Тетово”. – велат од Асоцијацијата.
Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка на Црвениот Крст на РСМ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.