Доминик Тим нема да ја брани титулата на Ју-Ес опен годинава, бидејќи сезоната за него е завршена поради повредата на зглобот на раката.
Австрискиот тенисер се повлече од терените пред Вимблдон, а неговиот последен настап е на турнирот во Мајорка на почетокот на месец јуни, каде и ја заработи повредата. Тим иако почна со тренинзи, повторно почувствувал болка во зглобот и по совет на докторите реши да го одложи враќањето на терените до 2022 година.
Лани во Њујорк ја освои првата и засега единствеа грен слем титула, откако во финалето го совлада Александер Зверев.