Македонија

Почина д-р Блага Петроска, професор во пензија на Филозофскиот факултет

Почина д-р Блага Петроска, професор во пензија на Филозофскиот факултет во Скопје, позната во јавноста по нејзиниот продонес во развојот, институализацијата и афирмацијата на социолошката наука во македонското општество е од огромно значење.

Таа е прв доктор по социолошки науки во нашата земја. Има учествувано, како еден од основачите, во комплетното институализирање на студиите по социологија при Филозофскиот факултет. Извршувала повеќе раководни функции,  повеќе пати била раководител на Инситутот за социологија, а била и декан на Филозофскиот факултет.

Општата социологија, социологијата на семејството и социологијата на жената се трите најзначајни подрачја на нејзиниот научно-истражувачки интерес.

Посебно може да се истакне нејзиниот придонес во истражувањето на етничкиот идентитет на Македонците во дијаспората како и нејзиното залагање за рамноправноста на жените во општеството, што резултирашe во обезбедување законска можност жените да работат еднакво долго колку и мажите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе