Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ ја потпишал градежната дозвола за градење на првата од трите кули кај Холидеј Ин. Од и сега инвеститорите fирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква немаат никакви пречки да почнат со градба.
Градоначалникот Саша Богдановиќ за порталот СДК потврдува дека нема никакви пречки да се почне со градба кај „Холидеј ин“. На првата од трите градежни парцели на просторот кај „Холидеј ин“ ќе се градат три 20-катници.
Прво ќе се гради зградата од 20 ката која се наоѓа на земјиштето на МПЦ-ОА и всушност ја попречува отвореноста на плоштадот кон кејот. Такму за оваа зграда се уплатени комуналии во висина од 2.4 милиони евра на Град Скопје и Општина Центар. Потоа би се градела станбената зграда од 22 ката, со зеленило на терасите и на крај деловниот центар од 16 ката.
За овие два објекти дополнително ќе се платат комуналии, а за секоја Градот и Општината ќе наплатат приближно колку висината на комуналиите за првата зграда.