Македонија Најважни

Издадена градежна дозвола за првата од трите 20-катници кај „Холидеј ин“ во Скопје

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ ја потпишал градежната дозвола за градење на првата од трите кули кај Холидеј Ин. Од и сега инвеститорите fирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква  немаат никакви пречки да почнат со градба.

Градоначалникот Саша Богдановиќ за порталот СДК потврдува дека нема никакви пречки да се почне со градба кај „Холидеј ин“. На првата од трите градежни парцели на просторот кај „Холидеј ин“ ќе се градат три 20-катници.

Прво ќе се гради зградата од 20 ката која се наоѓа на земјиштето на МПЦ-ОА и всушност ја попречува отвореноста на плоштадот кон кејот. Такму за оваа зграда се уплатени комуналии во висина од 2.4 милиони евра на Град Скопје и Општина Центар. Потоа би се градела станбената зграда од 22 ката, со зеленило на терасите и на крај деловниот центар од 16 ката.

За овие два објекти дополнително ќе се платат комуналии, а за секоја Градот и Општината ќе наплатат приближно колку висината на комуналиите за првата зграда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе