Свет Топ вести

Ердоган ја проколна австриската Влада за кревањето на израелското знаме на зградата на канцеларот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ја проколнува австриската Влада откако го крена израелското знаме во австриските федерални министерства.

Ја проколнувам австриската Влада што го закачи израелското знаме на зградата на администрацијата на канцеларијата. Кревањето на знамето на терористичка држава на своја државна зграда значи идентификување со теророт. Австрија очигледно се обидува да ги принуди муслиманите да платат за геноцидот што го изврши врз Евреите, рече Ердоган во Анкара.

Како што претходно изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц, израелското знаме беше кренато на кровот на федералната зграда на канцеларот во знак на солидарност, бидејќи „терористичките напади врз Израел заслужуваат најостра осуда“.

По зградата на канцеларот, израелското знаме беше кренато и од австриското Министерство за надворешни работи, изразувајќи силна поддршка за безбедноста на Израел.

Ситуацијата на границата меѓу Израел и Појасот Газа ескалираше вечерта на 10 мај. Од почетокот на ескалацијата на конфликтот, од палестинската енклава врз израелска територија се истрелани 3.350 ракети, а околу 500 паднаа во енклавата. Ефикасноста на системот за ПРО “Железна купола” е 90 проценти.

Според последните информации, во Израел загинале 10 лица, а околу 50 се тешко повредени. Израел,пак, изврши стотици напади врз појасот Газа како одговор на палестинските ракети. Бројот на загинати Палестинци во израелските воздушни напади достигна 220, а меѓу жртвите има и 58 деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе