Свет Топ вести

Според непотврдени информации Израел употребил фосфорна бомба

На социјалните мрежи се појави видео од ракетирањето на Појасот Газа при што се тврди дека Израел истрелал фосфорна бомба.

На видеото објавено на Твитер се гладаат два чада од местото на нападот, црн и бел, за што се тврди дека е фрлена фосфорна бомба, што е  забранета со Женевската конвенција од 1980 година.

Автентичноста на снимката и тврдењето за фосфорна бомба се уште не е потврдена.

При согорување на белиот фосфор се постигнува температура од 800 до 1.000 степени Целзиусови, а се ослободува и густ отровен чад што предизвикува изгореници на внатрешниот респираторен тракт и труење на телото.

Доза од 0,05 до 0,1 грам  фосфор е фатална за луѓето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе