Русија никогаш не се мешала во избори или во какви било внатрешни работи на Бугарија, изјави за време на посетата на Плевен амбасадорката на Руската Федерација Елеонора Митрофанова. Таа го коментираше протокот на туристи од Русија кон Бугарија, велејќи дека има проблем за организирани туристи кои патуваат преку туристички агенции. Митрофанова додаде дека руската амбасада го истражува ова прашање и рече дека сепак е оптимист.
Бугарија е суверена земја, но според руската амбасадорка, подобро е да не се организираат вежби на НАТО во Црното Море и да не се отвора Црното Море за трети земји. Според Митрофанова, ова било гледна точка на луѓето кои прагматично размислуваат.
Таа беше гостинка на празникот на Плевен, за кој рече дека стана симбол на руско-бугарското пријателство од 1877 година и истакна дека е импресионирана од спомениците подигнати во спомен на убиените во ослободувањето на градот за време на Руско-турската војна.
Амбасадорката на Русија и градоначалникот на Плевен Георг Спартански отворија во Регионалната библиотека „Христо Смирненски“ руски културен центар, кој има богата материјална база што овозможува бесплатно изучување на рускиот јазик. Ова е трет културен институт од отворањето на канцелариите на САД и Германија во градот пред извесно време.