Свет Топ вести

Бајден го предупреди палестинскиот претседател Абас да го запре ракетирањето

Американскиот претседател Џо Бајден изрази голема загриженост до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со ескалацијата на насилството, потврдувајќи го „правото на Израел да се брани од нападите на Хамас“, истовремено предупредувајќи го палестинскиот претседател Махмуд Абас да престане да го ракетира Израел.

Бајден исто така рече дека е загрижен за безбедноста на новинарите откако зградата во која се наоѓа канцеларијата на американската новинска агенција Асошиејтед Прес во Газа беше урната во израелски напад, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Претседателот изрази силна поддршка за правото на Израел да се брани од ракетни напади на Хамас и други терористички групи во Газа“ и „ги осуди овие неселективни напади врз градовите во Израел“, се вели во соопштението.

Тој, исто така, изрази „голема загриженост во однос на насилството меѓу заедниците во Израел“, додавајќи дека „оваа сегашна фаза на конфликтот трагично ги чинеше животите на израелски и палестински цивили, вклучително и деца“.

Бајден разговараше и со Абас, првпат по стапувањето на должноста претседател на САД и му порача дека Хамас мора да ги запре ракетните напади врз Израел.

Тој истакна „силна поддршка за решение според моделот – две држави со кое ќе се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт“, соопшти Белата куќа.

САД го сметаат Хамас за терористичка организација.

Од своја страна, Абас го обвини Израел за воени злосторства и етничко чистење.

Израелските окупатори прават воени злосторства и етничко чистење против Палестинците во Ерусалим, рече Абас. Тој исто така ги повика сите Палестинци да се обединат и да му се одмаздат на Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе