Свет

И Франција регистрираше инфекции со индиската мутација на коронавирусот

Франција ги откри првите случаи од сојот B.1.617, кој е доминантен во Индија, објави францукото министерство за здравство.

Првиот случај е забележан кај жена која патувала во Индија и живее на југозападот од Франција.

Уште две лица од југоистокот на Франција се заразите со мутираниот коронавирус, а од министерството велат дека и тие неодамна биле во Индија.

Здравствените власти на Израл вчера информираа дека се откриени 41 случај на индиската мутација на коронавирусот. Четворица од нив била предходно вакцинирани. 24-ца од заразените се вратиле од странство, а 17 се инфицирале во земјата, меѓу заразените пет се деца.

Повеќето од заразените допатувале во Израел од Индија, а некои влегле од други земји.

Германија поради опасност од новата варијанта го стопира влезот за патници од Индија.

Земјите каде најчесто се открива се Индија, САД, Велика Британија и Сингапур, но има и случаи во Белгија, Швајцарија, Грција и Италија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе