Индија денеска ја помина црната статистика од 200.000 изгубени животи од корона вируисот додека разорниот налет на инфекцијата коси низ густо населените градови и руралните подрачја, а здравствениот систем е колбиран. Здравствените власти информираат за еднодневен рекорд од 3.293 смртни случаи во изминатото деноноќие и ја втурна оваа втора најбројна земја во светот во најмрачното поглавје од почетокот на пандемијата. Бројот на новите инфекции е близу 363.000, што е нов глобален рекорд. Зад Индија се сега САД, Бразил и Мексико. Пет месеци после првиот смртен случај во земјата денеска рекордни се бројките и на хоспитализирани, а болниците се целосно блокирани. Пациентите се гушат во болниците поради недостаток од кислород. Очајни членовите на семејствата испраќаат пораки преку социјалните мрежи во надеж дека некој можеби ќе им помогне да најдат боци со кислород. Крематориумите се претворија во паркинзи каде голем број болнички возила се заглавени со мртви тела кои не можат да ги предадат.
Британија земјата која има 1,4 милиони граѓани од индиската дијаспора, веќе достави медицинска опрема во Делхи, која во текот на неделата ќе биде распоредувана ширум земјата.
Знам дека членовите на Домот размислуваат за народот во Индија. Ја поддржуваме Индија со неопходната медицинска опрема и ќе продолжиме и понатаму тесно да соработуваме со индиските власти за да им ја пружиме помошта која би им требала, рече британскиот премиер Борис Џонсон.
Речиси 5,7 милиони нови случаи на коронавирус се регистрирани ширум светот во изминатите седум дена, што е за осум проценти повеќе од претходната недела, соопшти Светската здравствена организација. Стапката на смртност исто така се зголеми за пет проценти, и регистрирани се 87.000 смртни случаи од Ковид-19. Во Европа, во изминатите седум дена биле заразени повеќе од 1,46 милиони луѓе, додека 25.000 пациенти починале.
Билјана Ставрова