Вести Свет

Нов нон -пејпер за дијалогот Белград-Приштина

„Косово и Србија ќе го почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе има автономен регион на Северно Косово“, е дел од содржината на наводниот нон-пејпер кој го објави  приштинскиот весник „Коха диторе“.

„Автономниот округ на Северно Косово“ би ја опфатила територијата на градовите Звечан со 35 села, Лепосавиќ со 72 села, Северна Митровица, која би била независна економска зона, и катастарската зона на град Зубин Поток со 63 села.

Меѓу другите точки, во документот се вели дека Српската православна црква ќе има посебен статус. Православната црква на Косово, како суштински дел од СПЦ, во согласност со уставните измени, треба да биде предводена од српскиот Патријарх, кој треба да го има своето седиште во Пеќската патријаршија. Се предвидува сите постигнати договори досега да бидат спроведени, а конечниот договор да биде постигнат до февруари 2022 година.

Зад предлозите наводно стојат Германија и Франција, како заедничка иницијатива на тие две земји за продолжување на дијалогот и негово заклучување со договор. Сепак, со експресен одговор се јави германскиот амбасадор на Косово. Берлин не е вмешан во ваков документ. Тоа е лажна вест, вели Јорн Роде.

Т.Н. „ГЕРМАНСКО-ФРАНЦУСКИ НОН ПЕЈПЕР“ ОБЈАВЕН ВО КОХА ДИТОРЕ Е ЛАЖНА ВЕСТ ! МОЖЕБИ ПОСТОИ ВАКОВ ДОКУМЕНТ, НО СИГУРНО НЕ Е ГЕРМАНСКО-ФРАНЦУСКИ.

Весникот Коха Диторе не може да ја потврди автентичноста на документот, но пишуваат дека разговарале со некои дипломати кои им потврдиле дека ова се помалку или повеќе точките и за кои се дискутира во дијалогот Белград-Приштина, кој според најавите треба да продолжи на 11 ти мај во Брисел.  Ова е втор документ кој ја бранува западно-балканската јавност. Првиот кој веќе некое време кружи меѓу европските функционери е за наводна промена на границите односно поделба на Босна и Херцеговина и обединување на Косово и Албанија. Европските челници не ја потврдуваат автентичноста за овој неофицијален документ. Но, за американскиот стејт департмент предупредуваат дека поделбите на територии по етнички линии можат да ги вратат болните сеќавања од минатото и да поттикнат нестабилност во регионот.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе