Ковид19 Свет

Еден милион нови случаи на Ковид-19 во Индија за само три денови

Во последните три денови Индија регистрираше речиси еден милион новозаболени, откако денеска беа пријавени 346.786 нови случаи на инфицирани со коронавирус. Покрај рекордниот број на новозаболени, расте и бројот на починати затоа што недостасува кислород во болниците во земјата. Според нивните пресметки само во Њу Делхи на секои четири минути умира по едно лице од Ковид-19. Финаниски слабиот здравствен систем е во големи проблеми, а роднините на пациентите самите се обидуваат да набават кислород.

Воопшто нема боци со кислород, не можевме да најдеме ниту една. Дојдовме во оваа болница по препорака од наш познаник. Му најдоа кревет на татко ми за неколку минути, инаку ќе умреше. Но цените се премногу високи, изјави Маној Сабди.

Пред нецели два месеци индиската владата мислеше дека го победила вирусот. Во средината на февруари новите случаи паднаа на 11.000, владата почна да извезува вакцини а министерот за здравство оцени дека Индија е во крајната фаза на пандемијата. Колку ситуацијата се смени во земјата, според СЗО, е показател на што се е способен вирусот.

Ситуацијата во Индија е поразителен показател за тоа што може да направи вирусот и зошто мораме да ја употребиме секоја алатка против него во сеопфатен и интегриран пристап, јавни здравствени мерки, вакцини, дијагноза и терапија. Ова е сценарио кое се одигрува ширум светот и ќе продолжи така доколку не обезбедиме праведен пристап до алатките кои ни се потребни за спасување животи, оцени генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

Индија пред два дена го надмина рекордот на САД од 297.430 дневни инфекции со коронавирус и сега е глобален епицентар на пандемијата, која во многу други земји е со тенденција на слабеење. Смртноста од Ковид-19 низ цела Индија во последните 24 часа е зголемена за нови 2.624 случаи, што е највисока дневна стапка на смртност во земјата досега.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе