Утринава се случи бегство на притвореник додека бил носен на судење од истражниот затвор Шутка во кривичниот суд , информираат за Телма од затворската полиција.
Станува збор за Амир Закири кој се товари за поттикнување и криумчарење мигранти, како и за перерење пари.
Тој избегал од зад судската зграда, а во моментов во тек е потрага по него по теченио на реката вардар и вклучени се повеќе полициски кучиња.
Од кривичниот суд информираат дека тој избегал додека се уште бил надвор од судската зграда за што е надлежна затворската полиција..
Според информациите на Телма потоа ќе следува покренување на постапка за затворските полицајци за да утврдат причините и околностите на бегството.
Миомир Серафиновиќ