Македонија

Дали новоизбраните обвинители ќе ги довршат старите предмети, ќе одлучува државниот обвинител

Поштенска банка, Моќник, Титаник 2 и Друмарина се дел од предметите кои се судат во Кривичниот суд а обвиненијата ги застапуваат некои од обвинителите кои денеска добија унапредување. Државниот обвинителот Љубомир Јовески за Телма вели дека во наредниот период ќе донесе одлука дали истите обвинители ќе продлжат да ги водат истрагите и обвиненијата и од новите работни места.

-Кој ќе ги застапува предметите обвинителството ќе се раководи од тоа да не се одлагаат рочиштата и да се постапува ефикасно. Тоа значи дека нема законска прчека истите обвинители да продлжат да постпауваат по предметите и по изборот во други обвинителства. Во голем дел од предметите има по двајца обвинители и ќе се порцени дали има потреба и натаму да продолжат со двајца обвинители или само еден, изјави Јовески.

Обвинителите Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Снежана Бундалевска и Наум Пановски денеска беа избрани во Вишото обвинителство во Скопје, кое застапува предмети по жалба пред Апелација. Активни во судниците во Кривичен ќе останат петмината обвинители кои беа избрани за обвинителството за организиран криминал  меѓу кои Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов.

За разлика од Ајро и Пеливанов кои добија унапредување во организиран криминал, обвинителката Ленче Ристоска која со нив во судница го бранеше обвинението за предметот за масовното прислушување Таргет -Тврдина,  не беше избрана во Вишото обвинителство, каде конкурирала. За гласаа 4 ца а против беа 7 членови на Советот на јавни обвинители.  Во изјава за 360 степени Ристоска вели дека е разочарана.

„Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување. Ќе беше убаво да ги слушневме и причините и размислувањата на членовите на Советот, а не само нивната конечна одлука“ изјави Ристоска

Од поранешните соработници на Катица Јанева, на огласите се пријавиле и обвинителите Елизабета Јосифовска и Љубомир Лапе но нив Советот не ги избра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Во Македонија најмногу се конзумира канабис – најчеста причина е намалување на стресот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе