ВМРО ДПМНЕ ќе треба повторно да поднесе интерпелации за министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ. Опозициската партија и спикерот Талат Џафери не се разбраа: дали нивното тргање од претходната седница значи дека се повлечени од процедура или се уште стојат отворени, откога предноста ја добија законите од петтиот пакет економски мерки. На второто толкување инсистираше координаторот Никола Мицевски, со повеќе процедурални забелешки за објаснувањето на Џафери.
ВМРО ДПМНЕ ги поднесоа интерпелациите на 1 февруари поради лоши резултати на Николовски и Маричиќ во борбата со корупцијата. Ако ги поднесат повторно, ќе се чека 15 дена за одговор од министрите, а потоа ќе бидат ставени на првата наредна седница. На оваа, останува интепелацијата за работата на Оливер Спасовски, поднесена од Алијанса-Алтернатива поради наводното бегство на екс-функционерот Сашо Мијалков.
Соња Николовска