Вести Македонија Најважни

ВМРО ДПМНЕ со кривична за Богдановиќ, тој се правда – сместував гости во хотелот

Дали Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и сам се сместил на преспивање во хотел за да може да се дружи во ресторан и во полициски час со гостите од Белград?! Вчера тој беше лоциран на видео  за кое опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека е во кафуле во Дебар Мало.

Дојава добиле и пазарните инспектори. Тие биле на лице место, но рацете им биле врзани. Според документите, Богдановиќ бил пријавен како гостин со спиење во хотелот, и немало прекршување на протоколите. Инаку хотелите можат да служат храна за своите гости до 20 часот, но гостите и потоа можат да седат во ресторанот.Но во 22,40 кога дошле инспекторите, таму немало никого.

Богдановиќ со реакција се јави утрово. Демантираше дека седел во каферани за време на полициски час и дека кршел закони. Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на Работнички кој е најновото засилување во нашиот клуб, напиша Богдановиќ На Фејсбук.

„За сето сместување и престој поседувам документација и сведоци. За да се расчисти целиот случај и да се докаже вистината сите аргументи ги доставив до сите надлежни органи. Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција. Во случај да не се случи тоа ќе покренам граѓански спор.“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак побара оставка и најави кривична за Богдановиќ. Богдановиќ станал гостин, откако беше фатен на лице место како крши закони и полициски час, реагираше  ВМРО-ДПМНЕ.

Оправдувањата на Саша Богдановиќ за кршење на закони и полициски час се неоправдани. Играчот Аска уште пред неколку дена е дојден во Скопје, а на 17-ти април настапил и на мечот во СРЦ Кале против Гостивар каде го има во официјалната статистика. Не може да биде оправдување седењето во кафеана во полициски час, која е отворена специјално за него, работи само за него, и келнерите служат само за него.“

До сега имаше примери како политичари и функционери беа фатени на дело како прекршуваат полициски час. Но освен рекции и осуда од јавноста, до сега немаше никакви сакции за нив.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе