Целосно ги отфрлувам и демантирам информациите дека во текот на изминатиот ден сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони, напиша градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, кој вчера беше виден во кафеана за време на полицискиот час.
Богдановиќ вели дека сместувал гости дојдени од Белград, меѓу нив и кошаркарот на КК Работнички, кој е најновото засилување во клубот. А за сместувањето и престојот во хотелот имал документација и сведоци, сите аргументи ги доставил до надлежните органи.
Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција. Во случај да не се случи тоа, ќе покренам граѓански спор.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека синоќа, некаде пред 21 часот, добиле пријава за градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, а за тоа добиле и фотографија. Ги ангажирале инспекторите и оние кои се на терен, но се испоставило дека тие не можат да преземат никакви мерки, бидејќи градоначалникот бил региостриран во хотелот клако гостин со спиење.
Тука нас ни се врзани рацете и не можеме да преземаме никакви мерки. Значи, излезе дека ова било лажна дојава“, вели директорот Пауновски.
Од опозициската ВМРО ДПМНЕ најавија кривична пријава за Богдановиќ.
Играчот Аска уште пред неколку дена е дојден во Скопје, а на 17-ти април настапил и на мечот во СРЦ Кале против Гостивар каде го има во официјалната статистика. Оттука неиздржани се оправдувањата, соопштија од вмро дпмне.