Вести Македонија Најважни

Бочварски по вторпат чека елаборат за суспензија – на потег Богдановиќ за спорниот ДУП кај „Холидеј Ин“

Правната битка за спорниот урбанистички план спроти „Холидеј Ин“ на шаховска табла меѓу градоначалникот Саша Богдановиќ на Центар и владиниот министер Благој Бочварски. Првиот се заинтересирал како се се изрбатува план за суспензија на ДУпот, Бочварски чека елаборат за да одлучи.

Обидот да се стопира планот за градба на последната седница на советот се најде во жестока дебата дали инвеститорите ќе тужат и ќе добијат или градоначалникот на општина Центар Богдановиќ бара само изговор. Во меѓувреме се уште се чека одговор од застапникот на генералниот урбанистички план Петре Шилегов кој и денеска одби да одговори дали градот може и сака да го запре спроведувањето на дупот.

Додека трае префрлањето на проблемот од една на друга институција граѓаните поделени. Оние кои се против изградба на згради со герила акција до Богдановиќ да си замине ако стави потпис на дозволата за градба. Жителите, пак, од Ново Маало со петиција до владата и општината- дозволете да се гради. Собраните потпис, писмото и ултиматумот ги испорачаа во коверт до Заев.

Владата следи, но не се меша. Ако се кршат законите ќе се запре градбата.

Откако мораториумот за овој и други урбанистички планови во општина Центар падна на уставен испливаа старите планови за виоскокатници спроти Холидеј Ин. 20-25-20 ката за три згради е планот на инвеститорот МГ Фешн кој откупи парцела од транпсорт и врски, а за партнер во имтоот ја вклучи и МПЦ која на ова место денационализира имот. На оформувањето на парцелата амин даде, пак, претходниот минситер за транспорт и врски Горан Сугаревски кој тврдеше дека барањето ги исполнувало законските норми, а државната парцела беше оттуѓена по цена од 19,200 денари за еден метар квадртен по „стариот“ тарифник.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе