Во над 1300 домови на ученици воопшто нема електрична енергија, а од септември се воведувааат електронски учебници. Многу училишта и не се подготвени за ваквиот тип на учење, но министерката за образование вели дека овие проблеми ќе се решаваат тековно. За тие со финансиски проблеми, се нуди комбиниран модел на учење.
Пилот проект не е изработен, а позитивните и негативните страни ќе се утврдуваат по стартот на учебната година, кога овој модел ќе се примени кај учениците што ќе тргнат во четврто одделение, информираше денеска министерката за образование Мила Царовска.