Оваа баба за првпат го прегрнува своето внуче. Средби исполнети со солзи радосници го исполнија денеска новозеландскиот аеродром во Оукланд. Семејства одвоени цела година повторно се споија. Релацијата Австралија – Нов Зеланд е отворена за слободно патување – повеќе не постои т.н. патнички балон. По повеќе од една година строг локдаун на луѓето им е дозволено да допатуваат на блискиот остров, да се видат со своите блиски, без да одат во карантин.
Вин-Вин ситуација за Австралија и Нов Зеланд, и мислам дека ќе биде многу важно за туризмот и патничката индустрија за двете страни на Тасманскиот реион, исто и практично решение за семејствата повторно да се поврзат, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.
Првиот авионски лет од Австралија беше исполнет за неполн час. На аеродромот во Велингон беа дочекани со транспарент на кој пишувше добредојдовте. Нарачани беа 24 илјади шампањ, кој се нудеше на повозрасните патници. Во ова време не постои ништо поважно од повторните средби со семејствата. Се ронеа солзи радосници, но и солзи на тага поради загубата на саканите кои не ја извојувале битката со ковидот.
Австралија не ги исполни очекувањата на граѓаните за брза имунизација. Земјата доцни со набавката на вакцини, но строгите мерки и ограничувања очигледно го дадоа резулатот. Здравствените власти во двете земји не дозволија болеста да се разгори. Навреме преземаа ригоризни мерки и при појава на мали кластери брзо се одлучуваше на по неколкунеделни карантини. За Австралија да има успешна приказна најмногу помогнаа експертите кои многу порано предвидоа дека ситуацијата е сериозна. Владата во која има различни партии се насочи кон решавање на проблемот, а не кон меѓусебни обвинувања. Дополнителна улога одиграа и самите граѓани кои не се двоумеа да им веруваат на институциите кога се одлучуваше за карантини од по шест недели.
Во пресрет на празниците се попуштаат мерките и во останатиот дел од светот. Но, тука во борбата со вирусот најмногу помага вакцинацијата. Дека пандемијата не е завршена и имунизацијата е клучна, повторија и од СЗО.
Алиса Шутиноска