Свет

Спутник туризам за германците во Москва

Група германски туристи отпатуваа во Русија за да се вакцинираат против корона вирусот, во обид да најдат излез од кризата со недостаток на вакцини во Европа.

Околу 50 германски туристи од Франкфурт заминаа во Москва за да ја примат првата доза од руската вакцина Спутник В. За дел од нив ова е единствен начин побргу да се заштитат од Ковид-19 а вакцинирањето во Русија е најдобрата опција откако Србија престана да вакцинира странски државјани.

Иако Спутник В се уште нема одобрение за употреба во ЕУ, тоа не ја намалува довербата во оваа вакцина, која доби позитивни оценки и од престижните медицински списанија на Запад.

“Во Германија видов дека регуларната вакцинација за мене е околу 5 до 10 месеци во иднината и тоа беше премногу долго чекање за мене. Затоа, разгледав други можности. Едната беше Србија, но Србија сега е откажана. Русија беше втората опција и засега тоа функционира” – вели Уве Кеим, вакцинален турист од Германија.

“Како што знам, Спутник В е всушност како Астра Зенека, многу мали разлики и затоа си реков, ок, тоа е доволно добро за мене. Го прочитав текстот во Лансет. Јас им верувам. Тие рекоа дека е 91% безбедна. Во ред, тоа е доволно добро за мене” – потенцира Ено Ленц.

Во текот на тридневната посета на Москва, германските туристи ќе се вакцинираат во хотелот од руската приватна клиника и ќе имаа организирана посета на атрактивни локации во главниот град на Русија, каде нема полициски час.

Во Русија досега се вакцинирани повеќе од 8 милиони луѓе, што претставува околу 5% од вкупното население.

Глобалниот смртоносен биланс од коронавирусот надмина 3 милиони луѓе денеска, односно колку бројот на жители во градовите Киев, Каракас или Лисабон.

На светско ниво, дневно умираат по 12 000 луѓе а се регистрираат околу 700 000 ново заразени.

Бразил е меѓу земјите најтешко погодени од пандемијата. Градските власти во Рио де Жанеиро, соочени со огромниот притисок за погребување на жртвите на Ковид-19, започнаа да градат нови повеќекатни крипти, откако тие изградени пред пандемијата веќе се преполни.

“Пред Ковид луѓето не страдаа волку многу. Умираа од рак, сида, срцеви проблеми. Сега не зборуваме веќе многу за рак, за сида или срцевите проблеми. Сега зборуваме само за Ковид. Тоа е чума на народите, целиот свет е заробен од Ковид” –вели 62 годишниот свештеник, Хорхе да Силва.

Пандемијата е во полн ек и во втората најнаселена држава на планетата, Индија.

Бројот на заболени секојдневно е над 230 илјади луѓе а најголемите жаришта се поголемите градови, како Њу Делхи, каде на сила е викенд карантин во обид да се спречи се поголемиот притисок врз болниците.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Русија прославува 80 години од Денот на победата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе