Вести Македонија Топ вести

Се трошат последните дози, останаа 2.000 кинески вакцини

Како се ситнат дозите на вакцини во земјава така расте интересот на населението за вакацина. Според министерството за здравство до пладнето се вакцинирани 26 014 граѓани а ако се спореди со податоците од петокот кога беа вакцинирани 18 261 , бројот пораснал за 7 753 вакцинации.

Ако се одземе неделата бидејќи салата Борис Трајковски се чистеше а таму се одвива масовна вакцинација тоа значи дека во просек во три денови се вакцинирани 2 600 граѓани. Но според сајтот ковид19 вакцинација, за околу 15 илјади граѓани пораснал и интересот за имунизирање. Но никој не кажува уште колку вакцини се останати.

Според директорот на здравствен дом Скопје Виктор Исјановски надлежен за организација на вакцинацијата во спортската сала, речиси се потрошени 20 илјади дози на спутник В, а за ревакцинација се чека да стигне втората доза за да се пушта од 26 април. Во меѓувреме таму има само 2 000 вакцини од Кина кои стигнаа доцна вчера.

Во меѓувреме од министерството известуваат дека од 24 600  дози на Астра Зенека до вчера се потрошени 8 000 дози. Зо нив завршува вакцинацијата на возрасните над 77 години во пунктовите низ земјата.

Конкретно за среда, четворток и петок отворени се термини за граѓани од 73 години и постари. Во следната фаза ќе бидат опфатени возрасни лица од 70 години и постари категорија што секако е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на ковид 19 болест, компликации и смртен исход. Кога ќе се извакцинираат сите граѓани кои изразиле желба над 70 години, потоа над 65 години  во зависност од достапноста на количини на вакцини ќе се приоретизираат хроничните болести, како и останати групи граѓани, велат од Министерство за здравство. 

Телма направи пресметка по месеци како стигнуваа вакцините.

Во февруари донацијата од Србија прва и втора доза на Фајзеровите вакцини наменети за здравствените работници. Во март прва и втора доза на руските спутник и 24 600 те дози на Астра Зенека кои се платени од земјава преку ковакс механизмот. Во април северните соседи повторно донираа 20 000 дози од Спутник прва доза, и вчера Арапските Емирати 2 000 кинески Синофарм. Од сите овие речиси се е потрошено освен Астра Зенека со кои се вакцинираат луѓе над 60 години.

Најави има дека преку ковакс ке стигнат 100 620 вакцини на Фајзер но до јуни, а во меѓувреме нашите власти се надеваат дека ќе ја добијат првата количина од Кина купени во директна комуникација со производителите.

Во меѓувреме голем дел од ранливите категории граѓани се извисени, такви се луѓето со попреченост кои не се најдоа во планот за имунизација.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

ЈП „Национални шуми“ започна со превентивни мерки за заштита од пожари

Дејан Дејан

Предлогот за нов гувернер на НБРМ утре во Собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе