Пина Инграм и Сју Бел се првите муштерии кои беа послужени со пиво денеска во пабот Ројал Викторија, откако после четири месеци во Велика Британија се укинуваат строгите карантински мерки.
Луѓе со мали деца во редици чекаат да ја посетат лондонската зоолошка градина, а за најмладите најинтересено е живеалиштето на пуингвините.
Во Велика Британија досега се вакцинирани повеќе од 32 милиони луѓе, а од коронаворусот починаа повеќе од 127 илјади.
Германија ја премина границата од три милиони заразени со коронавирус, досега починаа повеќе од 78.000 луѓе.
Германската влада планира утре да ги заостри прописите за национални анти-квид мерки за да може да воведе „затворање“ во целата земја, вклучително и ноќен полициски час, а притоа избегнувајќи отпор на локално или регионално ниво. Овој амандман на постојниот закон го крши табуто во Германија, каде федералистичкиот систем на управување им дава важни овластувања на регионите во областа на здравството.
Германските универзитети во Дортмунд денеска започнаа со тестирање на струдентите во кампусот, каде на сите студенти кои ќе посетуваат настава ќе им биде направена проверка на Ковид-19.
Започнавме со прибирање на првите ПЦР од средината на март. Мораме да пристапиме внимателно. Секако дека во Германија нема многу искуство. Полека го создаваме, што значи се поголем е поголем број на луѓе кои се тестираат секоја недела. До сега тестиравме стотина, за среќа ситебеа негативни, објасни Проф.д-р. Матиас Шнејдер, Технолошки факултет.
После половина година, денеска на полноќ, престана да важи вонредната ситуација во Чешка. Ноќниот полициски час е укинат и Чесите можат слободно да се движат надвор од областите во кои живеат. Дел од децата денеска се вратија во училиштата, тие редовно ќе бидат тестирање со антигенски тестови. Отворени се уште некои видови продавници. Новиот министер за здравство Питер Аренбергер побара да остане во сила забраната за собир на повеќе од две лица, наместо предлогот за 20 лица на отворено и 10 во затворен простор. Во екот на третиот бран на пандемијата, беа хоспитализирани околу 8.000 луѓе, меѓу нив голем број со тешки симптоми. Чешка и натаму го држи неславниот рекорд според број на починати на милион жители во светот, а од почетокот на пандемијата заразени се вкупно 1,58 милиони луѓе, а починаа речиси 28.000.
Како дел од олеснувањето на мерките против епидемијата на коронавирусот, трговските центри во Србија од денеска можат повторно да работат од 6 до 22 часот, освен угостителските објекти во нив, на кои им е дозволена само шалтерска продажба на храна и пијалоци.
Билјана Ставрова