Вести Свет

Вакцината на Фајзер ефикасна и кај адолесцентите од 12 до 15 години

Вакцината против ковид 19 на компанијата Фајзер-Бионтек е ефикасна кај адолесцентите од 12 до 15 години, можеби и повеќе отколку кај возрасните, се наведува во заедничкото соопштение на американската и германската компанија кои заедно ја развија вакцината.

Во недоамнешното клиничко испитување немало инфекции меѓу децата кои ја примиле вакцината, имале силна реакција на антитела, но без никакви несакани ефекти. Според Њујорк Тајмс, вакцинацијата со оваа вакцина би можела да започне пред почетокот на наредната година. Во испитувањето учествувале 2.260 адолесценти. Децата ги примиле двете дози во период од три недели, иста количина како и за возрасни, додека друга половина примиле раствор од солена вода. Истражувачите забележале 18 случаи на инфекции со корона вирусот во „плацебо групата“, а ниту еден случај кај децата со примената вакцина, кои пак развиле двапати повеќе антитела во споредба со возрасните. Од Фајзер и Бионтек соопштија дека почнале со испитување на вакцината и кај децата под 12 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе