Свет

Кикиљас: Грција ги следи упатствата на ЕМА и продолжува со вакцинацијата со АстраЗенека

Додека Европската организација за лекови (ЕМА) не каже нешто друго, имунизираме со сите вакцини што ги има одобрено Европа, а во Грција веќе се спроведени 172.000 вакцинации со АстраЗенека без да се појави проблем, рече грчкиот министер за здравство Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на тоа каков став ќе заземе земјата за вакцината на АстраЗенека, откако над десет земји од ЕУ одлучија привремено да не ја користат, Кикиљас објасни дека имаат доверба во ЕМА и ги следат нивните упатства.

-Препорачувам смиреност и трезвеност и анализа на научните податоци. Во нашата земја имаме спроведено 172.000 вакцинации со оваа вакцина. Имаше сериозен случај, го провери Националната организација за лекови и не е поврзан со вакцината на АстраЗенека. Во целиот свет спроведени се над 17 милиони вакцинации со оваа вакцина и откриени се околу 37 случаи, а во нашата земја нема ниту еден случај, објасни Кикиљас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе