Вести Македонија Најважни

Секој трет жител на Скопје има антитела за ковид 19

Секој трет граѓанин има антитела на ковид-19, покажа испитувањето на Институтот за имунобиологија кое се спроведе изминатите две недели во Скопје. Анализата се спроведе врз 1.000 случајни минувачи на шест локации во Скопје и тоа во Карпош, Аеродром, ТЦ „Мавровка“, во Градскиот парк и на улица Македонија и Плоштад Македонија. Притоа, се внимавало испитаниците да не се од исто семејство, односно да се земат примероци од различни групи и возрасти.

„Обработката на податоците покажа дека 31 отсто од испитаниците имаат антитела или секој трет граѓанин прележал ковид-19. Во анализата беа земени примероци и од луѓе кои знаеле дека го прележале вирусот, но и од испитаници кои не биле заразени или пак не знаеле дека прележале“, вели директорот на Институтот за имунобиологија Александар Петличковски .  Како што објаснува Петличковски, ваквите разулатите кажуваат дека земјава е на половина пат кон создавање колективен имунитет, за што е потребно болеста да ја прележат најмалку 60 отсто од граѓаните. Институтот правел испитувања и врз медицинските лица кои ја примија вакцината на „Фајзер“ за резултатите кои ги дава вакцинацијата. Петличковски вели дека податоците кои ги добиле се одлични, вакцинираните лица имаат голема доза антитела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе