Националната стратегија за вакцинација можно е да претрпи измени а тоа ќе зависи од бројката и производителот на вакцини кои се очекува да пристигнат наредниот период. Според најавите преку Ковакс механизмот треба да бидат доставени дел од 100 те илјади вакцини од производителот „Астра Зенека“ до крајот на месецот додека за вакцините на производителот „Синофарм“ од Кина датум нема.
Во меѓувреме неколку држави во Европа и светот го стопираа процесот на вакцинација со вакцините на „Астра Зенека“ а тие не се препорачуваат и за лицата кои имаат над 65 години. Возрасните граѓани на 70 години и со хронични болести се во првата фаза од вакцинацијата според националната стратегија.
„Националната стратегија за ковид вакцинација постојано ќе се ажурира и ќе се обликува според препораките специфични за вакцините и затоа стартегијата не треба да се смета за конечна. Некои специфични податоци за имунолошкиот одговор кај различни возрасни групи, бремени жени и лица со одредени здравствени состојби во моментот сè уште остануваат непознати. Ова го отежнува дефинирањето на точните целни групи и следствено прецизните стратегии за вакцинација. Затоа, обезбедувањето јасни упатства во некои делови е попречено и треба да се очекуваат идни промени и верзии на Националната стратегија“
Кога точно ќе бидат испорачани вакцините преку Ковакс механизмот нема прецизен датум ниту од Министерстството за здравство ниту од Делгацијата на ЕУ од каде објаснуваат дека доставувањето е сложен процес. Првата држава во регионот која доби вакцвини преку Ковакс е албанија каде викендов беа испорачани 38 илјади дози од производителот „Астра Зенека“
„Не е можно да се изврши испорака во исто време за сите земји во светот. Како што веќе објави Гави, првите 103.200 дози треба да бидат испорачани во земјата до јуни 2021 година, од кои 35-40% достапни во март. Треба да се контактира со Гави за специфични информации за испораките“, соопштија од делегацијата на ЕУ за „Телма“.
Од Алијансата за вакцини, ГАВИ, за МИА соопштија дека владите се информирани датумите кога ќе биде доставена првата тура вакцини а роковите би требало наскоро да бидат јавно соопштени.
Според официјалните податоци на министерството за здравство досега се вакцинирани 4.782 здравствени работници а над 137 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата „вакцинација.мк“ или матичен лекар.
Огнен Чанчраревиќ