Барањето Македонија да го реши спорот со Бугарија за да започне преговори со ЕУ кое повторно го испорача еврокомесарот Оливер Вархеи во петокот, за Европската комисија и за министерот за надворшени работи Бујар Османи, не е поставување нов услов од ЕУ за Македонија, туку само потсетување дека Унијата за проширувањето функционира на база на консензус, кој засега е блокиран од Бугарија.
Од Европската комисија на прашањето на Телма тоа дали изјавата на Вархеи значи воведување на нов услов од Унијата за земјава, не одговорија со „да“ или „не“, туку се повикаа на неопходниот консензус во носењето одлука за старт на преговорите.
„Ние со нетрпение ја очекуваме првата меѓувладина конференција и со Северна Македонија и со Албанија, најскоро што е можно. Но како што знаете, за тоа да се случи Европскиот Совет треба едногласно да ја усвои преговарачката рамка, за која се уште се дискутира. Ние продолжуваме да ги охрабруваме двете страни да изнајдат прифатливо решение за нивните отоворени билатерални прашања, како што објасни комесарот Вархеи“, стои во одгворот од ЕК.
И шефот на македонската дипломатија изјавата на Вархеи не ја смета за воведување нов услов од ЕУ, туку објаснување дека процесот на проширување во ЕУ на може да продолжи без консензус.
„Се додека Република Бугарија не даде согласност за усвојување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција, тоа значи дека нема консензус и не може да се движи напред. Претпоставувам дека во тој контекст е поставено прашањето со Бугарија, не како услов на ЕУ, бидејќи 26 земји членки беа за текстот на преговарачката рамка изминативе месеци и за почнување преговори во декември“, рече Османи.
Инаку изјавата на Вархеи од петокот не е прва во која тој како претставник на Комсија бара земјава да се договори со Бугарија. Уште пред одржувањето на европскиот самит во декември, додека Берлин на највисок ново посредуваше меѓу Скопје и Софија најавената блокада од Бугарија да не стане реалност, Вархеи ја повика земјава да и излез во пресрет на бугарската, како што ја нарече тогаш, загриежност и да се обиде да постигне решение. Два месеци претходно, уште во октомври, тој имаше слична изјава во Скопје, дека без решение по ова прашање нема да може да се оди напред, со порака:
- „Не би драматизирал многу околу ова прашање, но секако тоа е многу сериозно прашање“, изјави Вархеи.
И додека Вархеи бара од Макеоднија решение со Бугариија, од Брисел денеска стигна најава дека Западниот Балкан ќе се втати на агендата на Унијата. Откако девет земји-члнеки пред 10 дена побараа уште во април Унијата на агенда да го стави Западниот Балкан, високиот претставник на ЕУ за надворшена политика, Жозе Борел, најава дека е подготвен да го врати ова прашање на европската маса.
Тамара Грначорска