Вести Македонија Најважни

Британската мутација ги разболува и младите – најмладиот пациент во болница на 16 години

Во само неколку минути – неколку возила на брза помош, речиси едно по друго. И ваква е сликата по цел ден овде во Клиничкиот центар.

Најголем број од возилата пренесуваат пациенти заразени со Ковид кои се во борба за секој здив.

Британската мутација го зголеми бројот и на новозаразени и на хоспитализирани, велат докторите. Но, правила нема – најмладиот пациент кој од вирусот се лекувал во кревет на интерните клиники е шеснаесетгодишник.

„Тоа фактички беше дете кај кое болеста почнала со гастроинтестинално крварење, крварење од желудник и во исто време Ковид-дијагностицирано кое беше на нашата клиника до пред еден ден, вчера е префрлено на Гастроентерохепатологија бидејќи тоа е основната негова симптоматологија“, вели  Спец. Д-р. Иван Барбов – Директор на Клиниката за неврологија.

Овој случај не е исклучок – доктор Барбов вели дека помеѓу хоспитализираните веќе голем е бројот и на оние од 25 години па нагоре.

„Секако доминираат повозрасните пациенти, меѓутоа голем е бројот на хоспитализирани кои се во помладата група, почнувајќи од 25 па до 50 години кои порано беа многу ретко хоспитализирани. Факт е дека мутираниот вирус е позаразен, што бара граѓаните да повнимателни, повеќе да ги почитуваат мерките меѓутоа последниве денови бевме сведоци на групни собирања, забави, што во секој случај е многу лошо во состојба на ваква пандемија народот така да се опушта и да се групира без почитување на мерките за заштита“, вели доктор Барбов. 

 Од пред неколку дена комплетно функционира Ковид-центарот на Интерните клиники – 6 клиники на број кои функционираат како еден центар. Вкупно има околу 200 хоспитализирани пациенти, но има и слободни кревети – секојдневно околу триесет слободни кревети за пациенти.

Дел од граѓаните се свесни за сѐ што се случува околу нас. Поддржуваат рестрикции и цврсто се држат до мерките и препораките, но и ги осудуваат непочитувачите.

„Се шири, дефинитивно вирусот се шири, а тоа е сѐ од невнимание. Сакаат младите да живеат меѓутоа еве сега се помести границата. Мора да има рестрикции. Ова непочитување, навистина, ние луѓето сме излезени од сите правила и норми.“

 

„Како што гледам тука луѓето, без маски… тешко нас, на полошо оди. Еве бројките самите говорат. Треба луѓето да внимаваат.“

Во изминатите 24 часа  во Ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 604 пациенти позитивни и сомнителни на Корона, гласат официјалните статистички податоци од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјата е 1040 и има околу 370 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе