Добро информирани извори за Телма потврдија дека претпладнево Орце Камчев е приведен од страна на полицијата.
Од обвинителството за организиран криминал ни соопштија дека приведувањето е откако АНБ доставила извештај дека Камчев се подготвува за бегство.
Поради тоа во рамките на истрагата за плацевите на Водно, во која е инволвиран и Камчев ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор.
Според нашите информации, Камчев утре требало да оди во обвинителството за да се подготви како сведок на обвинителството во случајот Меѓународен сојуз.
Камчев е еден од осомничените во големиот милионски случај на СЈО Империја, кој според истрагата Рекет (за што казна затвор добија специјалната обвинителка Катица Јанева и соптсвеникот на 1тв Бојан Јовановски-Боки 13) бил рекетиран за да добие повластици во истрагата.
Миомир Серафиновиќ