Бизнисменот Орце Камчев во овие моменти се наоѓа во Кривичниот суд во Скопје.
Тој претпладнево беше приведен во полициската станица Карпош. Извори од обвинителството за организиран криминал за Темла соопштија дека приведувањето е откако Агенција за национална безбедност доставила извештај дека Камчев се подготвува за бегство.
Поради тоа во рамките на истрагата за плацевите на Водно, во која е инволвиран и Камчев ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор.
За случајот „плацевите на Водно“ е задолжена обвинителката од некогашното СЈО Лиле Стефанова.
Камчев е еден од осомничените во големиот милионски случај на СЈО „Империја“, кој според истрагата Рекет (за што казна затвор добија специјалната обвинителка Катица Јанева и соптсвеникот на 1тв Бојан Јовановски-Боки 13) бил рекетиран за да добие повластици во истрагата.
Миомир Серафиновиќ