Судот му одреди мерка од 30 дена притвор на бизнисменот Орце Камчев, кој е под истрага за случаите „Плацевите на Водно“ и „Империја“.
Тој претпладнево беше приведен во полициската станица Карпош. Извори од обвинителството за организиран криминал за Темла соопштија дека приведувањето е откако Агенција за национална безбедност доставила извештај дека Камчев се подготвува за бегство.
За случајот „плацевите на Водно“ е задолжена обвинителката од некогашното СЈО, Лиле Стефанова. Која од судот си замина без да даде каква било изјава или кометар пред новинарските екипи.
Адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски ја критикуваше одлуката на судот за 30-дневен притвор, бидејќи претпладнево при спроведувањето полицајците му покажале службена белешка дека го приведуваат за „изборна измама“.
Камчев е еден од осомничените во големиот милионски случај на СЈО „Империја“, кој според истрагата Рекет (за што казна затвор добија специјалната обвинителка Катица Јанева и соптсвеникот на 1тв Бојан Јовановски-Боки 13) бил рекетиран за да добие повластици во истрагата
Миомир Серафиновиќ