До еден милион и петстотини илјади евра ќе стигне штетата од пожарот во Глобал. Вака говорат грубите пресметки за штетите предизвикани во заедничкиот простор на трговскиот центар, пазарот но и индивидуалните објекти. Општинската комисија ги собра извештаите од физичките и деловните субјекти во Глобал и ќе ги предаде до Владата.
Во меѓувреме во трговскиот центар се санираат штетите. Сопствениците и трговците се обидуваат што побрзо да се завршат активностите и да се вратат на работните места. Се надеваат дека ќе успеат до мај да го отворат и опожарениот дел.
Глобал се запали во приземјето кај задниот влез на 2 јануари. Во големиот пожар една третина од објектот речиси целосно изгоре. Засега јавното обвинителство не излегло со соопштение за причините за пожарот.
Сузана Мицева