Коваксот порфункционира за Албанија. Испрачани 38 илјхади дозви вакцини најавени уште двојно повеќе. Албанија ќе добие и финансиска помош од ЕУ. Македонија сеуште ги чека вакцините. Од Брисел и канцеларијата на ЕУ во Скопје нема одговор каде е Македонија на листата на Ковакс. Министерот Филипче и премиерот Заев продолжуваат да лицитираат со бројки и датуми за евентуалното пристигнување на вакцини.
Албанија е првата држава од регионот која доби вакцини преку Ковакс механизмот. Станува збор за пратка од 38 илјади дози на производителот „Астра Зенека“ која вчера беше испорача на аеродромот во Тирана. Со овие вакцини покрај лицата постари од 80 години и медицинскиот перисонал, албанските власти планираат да ги вакцинираат и просветните работници.
Премиерот Еди Рама, но и евроамбасадотот во Албанија Сорека, најавија нови пратки на вакцини кои ќе бидат испорачани наредните недели и месеци преку Ковакс механизамот како и финансиска помош од Европската Унија со Албанија ќе може да направи дополнителна набавка на вакцини.
Бројни водечки политичари во Европската комисија синоќа ги преплавија социјалните мрежи со пофалби за првата испорака на вакцини во регионот преку Ковакс.
Но ниту од Европската комисија во Брисел, ниту од мисијата на ЕУ во Македонија не одговорија на прашањата како ЕУ го олеснува процесот за испорака на вакцини и каде е Македонија на приоритетната листа на Ковакс механизмот,.
А кај кај нас сеуште без прецизен датум кога би пристигнала пратката на вакцини од „Фајзер“, Кина или „Ковакс“ механизмот. Според надлежните разговорите и преговорите течат а бројките на вакцини кои евентуално би требало да пристигнат во Македонија варираат од неколку илјади до неколку милиони дози.
Како клучна причина за немањето на вакцини надлежните го посочуваат потрфањето на КОВАКС механизмот, но и малиот пазар однсно малиот број на вакцини што би се испорачале во нашата државата.
Претседателот Пендаровски соопшти дека компанијата „Фајзер“ не сакале да преговараат бидејќи Македонија била мал пазар, но набрзо беше корегиран од министерот Филипче кој соопшти дека станува збор за „Модерна“
А ситацијата на теренот е далеку од очекуваното и најавуваното.
Во државата досега се испорачани 11 илјади дози вакцини, осум илјади „Фајзер“ од Србија и три илјади „Сптуник В“ од Русија со кои се врши вакцинација на медицискиот пресонал и здравствените работници кои работат во т.н. „црвени зони“ и имаат директен контакт со заболени од КОВИД 19.
Огнен Чанчаревиќ