Секој кој има сознанија за криминал да пријави, а инистуциите за финансиски криминал да испитаат, порача јавното обвинителство по објавите во странски меидум дека минситерството за здравство се обидело да ги набави киенските вакицни преку сомнителна фирма и било одбиено од кинеските власти.
Обвинителството не отвора предмет но со внимание ги следи информациите. Антикорупциска отвори постапка, на потег е управата за финансиска полиција да провери како одела набавката на 200.000 вакцини преку „Старби“ – оф шор фирмата посредник регистирина во Хонгконг. Зделката пропадна бидејќи кинескиот производител наложи на здравство директно да ги набави од Синофарм, а не преку посредник бараните дози. Секој кој има сознанија за кривично дело да го извести обивнителстовото порачаа оттаму за телма телевизија.
Јавно обвинителство: „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со внимание ги следи информациите објавени по медиумите, при што очекуваме надлежните институции до обвинителството да достават свои наоди за евентуални сторени кривични дела. Обвинителството согласно своите надлежности ќе ги даде неопходните насоки, упатства и наредби на институциите во чија надлежност е откривањето на овој вид на криминал. Доколку овие институции утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности и ќе ги гони сторителите. “
Оф шорот „Стабри“ е регистрирана на адреса во финансискиот центар на ХонгКонг, но нема дополнителни податоци за нејзиното портфолио. Синофарм интернешионал, пак, котира и на берзата во Хонг Конг од каде ги склучува зделките за продажба на своите медицински производи. Од министерството за здравство велат дека во повоторениот обид за купопродажба со „Синофарм“ оделе преку кинеското МНР, кое, пак, синоќа одговори на прашањата на Телма, без да потврди дека е склучена зделка меѓу владата и кинеската државна компанија.
„Северна Македонија одлучи да набави вакцини од Кина, со што покажа доверба во Кина. Кинеската страна и дава голема важност на македонската потреба за вакцини и ги поддржува релевантните компании да комуницираат со Владата на Северна Македоније околу набавката на вакцини. Кина е подготвена да продолжи да работи заедно со Северна Македонија на вакцините против Ковид-19 и да помага во борбата против пандемијата“, соопштуваат од Кинеската амбасада.
Филипче и неговиот кабинет и денеска тврдат дека имаат потврда од кинескиот производител дека наскоро ќе ги испорача сите 200,000 вакцини. Испораката се уште нема датум, но дефинитивно ќе бидат 200.000 илјади уверуваат од здравство. Кинеските дози беа најавувани за во јануари, преместени во февруари, но по пропадниот обид преку фирма посредник вакцини се ветуваат за до крајот на март, од здравствениот и државен врв. Но, зошто земјата не може да стаса до Фајзер вакцината, и онаа на Астра Зенека деталите ги обзнани претседателот на државата во гостување на телевизија 21.
За Македонија ќе нема и вакцина „Џонсон- Џонсон“ од компанијата Јансен која од скоро го регистрираше својот производ. До декември е резервирано производството, ако порачаме дури во 2022-ра би можеле да добиме вакцини. По, ветувањата, обвинувањата, аферите и скандалите околку набавките и порчаките на вкацини досега во државата стигнаа нешто над 11 илјади вакцини кои завршуваат во рамењата на медицинските лица.
Павле Беловски