Македонија Најважни

Лекарската комора без детали од извештајот за родилката која остана без неколку органи

Деветмина членови од менаџментот на Лекарската комора застанати зад пултот со микрофоните на медиумите – но, ниту еден од докторите ниту видел, ниту знае што пишува во извештајот од Стручниот надзор за родилката Веапоска.

Нивниот колега д-р. Мухамед Асани кој исто така фигурира како член на Извршниот одбор на Комората, денес отсутен.

Во изминатиот период, комисија составена од три до пет доктори и формирана токму од Лекарската комора ја проверуваше неговата работа за случајот во кој родилка остана без повеќе органи. Само тие знаат што утврдиле, а нивните имиња остануваат тајна.

„Со нас денес не е доктор Мухамед Асани. Неговото работење во Извршниот одбор во Лекарската комора е ставено во мирување додека се расчисти целиот случај. Јас не сум дел од работењето на таа комисија и немам увид како претседател, немам слобода да читам документи“ изјави проф. д-р. Калина Гривчева-Старделова, претседателка на Лекарската комора на Македонија.

Во домот на струшкиот гинеколог и директор на болницата Мухамед Асани, Државниот санитарен и здраствен инспекторат во февруари откри нелегална гинеколошка ординација, за што е поднесена и пријава во струшкото обвинителство.

Ниту Веапоска не видела што пишува во извештајот, а од Комората тврдат дека таа не ни побарала – ниту лично, ниту преку нејзиниот адвокат.  Сепак, ги охрабруваат другите институции да направат истрага за случајот кој ја потресе јавноста.

„Нашата соработка со било кој државен орган е секогаш отворена и јавна, како и соработката  со било кој орган на државата и било кое државно тело. Ние секако дека ќе соработуваме и секако дека нашите ресурси ќе бидат на располагање“ изјави д-р. Илбер Бесими, заменик-претседател на Лекарската комора на Македонија.

Деновиве со свој став излезе и претседателката на антикорупциска комисија и повика докторот Асани да биде разрешен од позицијата директор на струшката болница.

Од Лекарската комора тврдат дека тие – немаат моќ да иницираат такво нешто.

Родилката Веапоска кажа дека самата ќе ја бара вистината за тоа дали органите се нејзини и дали е оправдано тоа што директорот гинеколог Мухамед Асани при породувањето и ги извадил матката, бубрегот и еден јајник. Вели дека ќе ги носи и во приватни клиники и во странство за да ја дознае вистината.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе