Свет

Италија во карантин за време на Велигденскиот викенд

Италија ќе биде во општ карантин за Велигденскиот викенд, покажува нацрт-уредбата во која западни медиуми имаа увид со момент кога владата во Рим се бори против забрзаното ширење на коронавирусот низ целата држава.

Продавниците кои не продаваат храна ќе бидат затворени од 3 до 5 април. Тие денови на Италијанците ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за работа, здравје или итни случаи.

Во нацрт-регулативата, што треба да се донесе денеска се наведува дека од понеделник ограничувањата ќе бидат засилени и во жолтите региони, во оние каде ризикот од инфекција е мал. И во нив движењето меѓу градовите ќе биде строго ограничено, а кафулињата и рестораните ќе бидат затворени.

Покрај националните ограничувања, Италија управува со мерки во одделни региони засновани врз систем од четири бои за нивно обележување и кои се ревидираат секоја недела – бела, жолта, портокалова и црвена.

Од вкупно 20 региони, три на југот се црвени, 10 се портокалови, шест се жолти, а само Сардинија е бела, според мапата на веб-страницата на италијанската влада.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) заклучно со четвртокот, во последните две недели Италија има просечно 433 нови инфекции на 100.000 жители.

На истата листа, Чешка е најлоша со 1.572 новозаразени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Русија прославува 80 години од Денот на победата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе