Вести Македонија

Албанската опозиција бара бришење на процентот за Албанците во Уставот

Бришење на процентот 20 отсто за права на Албанците, носење на Законот за државјанство и странски мониторинг за монтираните политички процеси во државата. Ова се трите услови на Алијанса за Албанците, за да прифатат влада на широка коалиција. Аргументираат дека, процентот ја ограничува уставната положба и стекнувањето на одредени социо-економски права на Албанците и бараат политичарите да си го остварат ветувањето што им го дале.

Вицепремиерот Груби со одговор  дека опозицијата отвора големи теми за кои нема капацитет да ги реализира. Такво нешто, вели,  би можеле да постигнат само ДУИ, во партнерство со СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, но нема потреба.

Од ВМРО ДПМНЕ не сакаа да коментираат. Ќе се произнесат откако ќе го добијат предлогот, но и ќе го чујат мислењето на сите други партии. Социјалдемократите, пак, одговорија дека отварањето на Уставот е сериозна работа и не може да се третира како дневна политика.

Далиборка Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе