Македонија

Судскиот совет ја разреши судијката Софија Лаличиќ

Судскиот совет ја разреши судијката Софија Лаличиќ од скопскиот кривиечн суд бидејќи казни адвокат со две илјади евра за фејсбук статус во кој побара нејзинот разрешување и ја нарече сваровски судија. Лаличиќ е изненандена од решението на Судксио совет бидејќи како што тврди одлуката била повелечена и адвокатот не бил казнет. Таа најави дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд. Лаличиќ беше и во бомбите на тогашната оппозициска СДСМ која презентираше разговор со поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков

Одлуката да казни адвокат со две илјади евра поради статус на социјалната мрежа „фејсбук“ во кој бара нејзино разрешување е причината поради која Судскиот совет на денешната седница ја разреши судијката од кривичниот суд Софија Лаличиќ. Одлуката за разрешување била донесена со мнозинство гласови.

Претседателот на судски совет, Киро Здравев, потврди дека на седницата е разрешен судија но сепак не прецизираше дека станува збор токму за Лаличиќ и најави дека јавноста ќе биде запознаена откако одлуката ќе стане правосилна.

До правосилнота на пресудата судијаката нема да може да води судски процеси.

Лаличиќ пак, изјави дека е изненадена од одлуката на Судскиот совет. Таа смета дека нејзиното разрешување се коси со законите и нагласи дека одлуката да го казни адвокатот Алиспахиќ беше повлечена а таа потоа поднела тужба во граѓански суд кој пресудил во нејзина корист. Лаличиќ ќе поднесе жалба до Врховниот суд.

А разрешувањњето ќе стане правосилно откако советот за жалби во врховниот суд ќе се произнесе на жалбата на Лаличиќ.

Адвокатот Асмир Алиспајиќ на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“објавил статус за судијката Лаличиќ во која ја нарече „Сваровски“ и „дно од судија“ и побара нејзино разрешување.

Лаличиќ беше спомената во една од „бомбите“ кои ги објави тогаш опозициската СДСМ кој презентираше разговор со екс-шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе