Македонија нема да добие пари од солидарниот фонд за здравство на Европската Унија, од која ќе се поделат вкупно 530 милиони евра на 17 земји членки и за прв пат на три земји кандидати, Албаанија, Србија и Црна Гора.
Како што објави претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен со овие пари ќе се покријат трошоците во медицински материјали и мерките за превенција од Ковид. Од трите балкански земји 12 милииони евра ќе добие Србија, Албанија 900 илјади, а Црна гора 200 илјади евра.
Македонија не е меѓу нив затоа што не ги исполнила критеериумите упште во јуни и затоа не аплицирала. Тоа за Телма го објаснува Калинка Габер, државен секретар во Секретаријатот за Европски прашања со неа разговараше Сања Васиќ.
Финансиската помош предложена од Европската комисија треба да биде распределена на 20 земји. Со предлогот на Европската комисија се опфатени 17 земји членки и 3 земји кандидати, односно Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија и Шпанија, плус Албанија, Црна Гора и Србија.