Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага “ковид” седница за излез од парламентарната криза      

ВМРО ДПМНЕ бара дијалог со парламентарното  мнозининство. Да седнат на заедничка маса и да ги отворат прашaњата поврзани со законите кои ги поднесува опозицијата, да разговараат за злоупотреба на европското знаменце и скратената постапка,а за почеток да се свика посебна таканаречена ,,Ковид,, седница на која ќе се изгласаат законите кои се дел од 5-тиот сет антикризни мерки.

СДСМ го одби предлогот на ВМРО ДПМНЕ и ги повика пратениците да ги напуштат деструктивните политики и неодговорното однесување.

Алијанса на Албанците и Алтеренатива не попушта од барањето за Законот за државјанство.

Парламентарното мнозинство пак е убедено дека ќе најдат начин како да ги донесат законите.Во спротивно ќе биде неопходно да се свика лидерска средба.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе