Македонија Најважни

Филипче за набавката на кинеските вакцини: Не станува збор за некакви нерегуларности и провизии

Наместо по мазниот пат на свилата, кинеските вакцини кон Македонија се уште не се тргнати, а предизвикаа и сериозни политички конфронтации со обвинувања за провизија за власта и за опозициско политички бенефит на грб на здравјето на граѓаните.

Италијанскиот медиум Ла Верита, познат во Македонија и по објавувањето на оригиналните снимки од случајот Рекет, денеска објави два документи со потпис на министерот Филипче.

И двете се писма за намери за набавка на вакцини од Синофарм, едното од 25-ти декември, второто од 25-ти јануари.

Но на писмата стои и името на хонкгоншката оф- шор фирма Стабри лимитед, која е претставена како посредник во зделката.

Компанијата Стабри е регистрирана на адреса во финансискиот центар на ХонгКонг, но нема дополнителни податоци за нејзиното портфолио. Синофарм интернешионал котира и на берзата во Хонг Конг од каде ги склучува зделките за продажба на своите медицински производи.

Министерот Венко Филипче, објавите во Ла Верита ги смета за опозициски обид за дискредитација на вакцинацијата.

Вели дека преку фирамата Стабри стигнале до потпишување на договор за вакцини, ама тогаш од кинеското МНР им објасниле дека во регуларниот пат за набавка нема посредници туку директна врска.

Филипче тврди дека пред 25-ти декември се обиделе да стапат во контакт со Синофарм, но не успеале па тргнале со посредник.

Но од опозицијата го обвинуваат за земање на провизија, бараат од министерот да одговори дали има пред-договор со фантом фирмата Стабри и го прашуваат „дали ќе ги објави сите документи поврзани со оваа фантом фирма каде што провизиите, како што сметаат, биле поважни од набавката на вакцини.“

Антикорупциската комисија одлучи да отвори предмет и да ги разгледа сите документи поврзани со набавката, но сметаат дека треба да се вклучат и други институции.

Од Далечниот Исток се уште нема вакцини, без разлика дали се вклучени фантом фирма, амбасада или објава во Ла Верита.

Со кинеските треба да се овозможи масовна вакцинација на граѓаните, а досега во државата стигнаа скромни нешто над 11 илјади вакцини.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе