Македонија Најважни

Нема помош од солидарниот фонд за здравството на ЕУ за Македонија

Македонија нема да добие пари од солидарниот фонд за здравство на Европската Унија, од која ќе се поделат вкупно 530 милиони евра на 17 земји членки и за прв   пат на три земји кандидати, Албаанија, Србија и Црна Гора.

Како што објави претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен со овие пари ќе се покријат трошоците во медицински материјали и мерките за превенција од Ковид. Од трите балкански земји 12 милииони евра ќе добие Србија, Албанија 900 илјади, а Црна гора 200 илјади евра.

Македонија не е меѓу нив затоа што не ги исполнила критеериумите упште во јуни и затоа не аплицирала. Тоа за Телма го објаснува Калинка Габер, државен секретар во Секретаријатот за Европски прашања со неа разговараше Сања Васиќ.

Финансиската помош предложена од Европската комисија треба да биде распределена на 20 земји. Со предлогот на Европската комисија се опфатени 17 земји членки и 3 земји кандидати, односно Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија и Шпанија, плус Албанија, Црна Гора и Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Русија прославува 80 години од Денот на победата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе