Пред точно една година, на прес конференција во сала со бројни новинарски екипи, што во сегашни услови делува неверојатно, генералниот директор на Светската Здравствена Организација Тедрос Адханом објави дека Ковид -19 е глобална пандемија.
СЗО е критикувана дека одлуката за прогласување пандемија ја донеле предоцна, најава за хаосот и тешкотиите со кои се соочува светот оттогаш и заради фактот дека само еден месец подоцна, половина од човештвото веќе беше под сериозни рестрикции на движењето и локдауни.
До периодот кога Ковид беше прогласен за пандемија минатиот месец, веќе имаше повеќе од 118 000 потврдени случаи на заразени во 114 држави и над 4 000 смртни случаи.
Повеќе европски држави влегоа во локдаун истата недела , заради растечкиот број хоспитализации.
Точно една година подоцна, веќе има повеќе од 117 милиони потврдени случаи, додека животот од Ковид -19 го загубија над 2,6 милиони луѓе од целата планета, што претставува зголемување од 99 000 % во бројот на инфекциите.
Пандемија се прогласува кога некоја нова болест има потенцијал да се шири глобално. Во минатото, пандемиите најчесто били предизвикани од инфлуенца вируси, додека најлошата пандемија во историјата е ткн шпански грип од 1918-та, кој усмртил помеѓу 20 и 50 милиони луѓе.
Многу експерти тврдат дека почетните грешки во справување со коронавирусот, како недостатокот на ПЦР тестови и заштитна опрема, придонеле до брзото ширење на вирусот во некои држави во текот на Февруари.
Една година подоцна, спасот од пандемијата се гледа во вакцинацијата, но и тука постојат огромни разлики меѓу богатите и сиромашните земји во светот.
Пандемијата се уште се шири забрзано и во повеќе европски држави, кои се принудени да спроведуваат остри локдауни и карантини.
Во Бразил вчера беа регистрирани 2 000 смртни случаи во еден ден за прв пат, како последица на ширењето на исклучително заразната варијанта на вирусот , која прв пат се појави во оваа јужно-американска земја.
Токму варијантите на вирусот, како бразилската, јужно-африканската и британската, претставуваат најголема закана за државите, затоа што со нив, вирусот се шири побргу и заразува поголем број луѓе.
Никола Илиевски