Македонија Најважни

Полицискиот час го прекршиле 12 лица, 408 санкции за неносење маска

Полицискиот час синоќа од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) не го почитувале 12 лица, информираа денеска од МВР. Од вчера во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Северна Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро.

Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Во соопштението од МВР стои дека се преземени сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сообраќајни несреќи најмногу гинат пешаците, покажуваат извештаите на МВР

Дејан Дејан

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Мицкоски подготвен за средба во Кочани, откако родителите на жртвите ја одбија поканата за во Влада  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе