Пропадна обидот на денешната седница да се обезбедат 62-ца пратеници и да се усвојат стотици закони.
Тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на ковид поради што Собранието немаше кворум ниту да го утврди дневниот ред.
Функционирањето на Парламентот дополнително се усложнува и со најавата за нова блокада од страна на пратеничката група Алијанса на Албанците- Алтернатива.
Незадоволни од отфрлањето на нивниот предлог Закон за државјанство, тие соопштија дека со илјадници амандмани ќе го блокираат секој закон без оглед на неговата содржина.
Предупредувањата на албанската опозиција за блокирање на законите беа докажани денес во пракса.Предложивме над 2000 амандмани на законот за прекршоци. Ова ќе го правиме и во иднина со други закони, вели Скендер Реџепи од Алијанса на Албанците-Алтернатива
СДСМ ја повика опозицијата да биде конструктивна и да не го блокира парламентот во услови на пандемија.
Со проблеми се соочува и пратеничката група на ДУИ.По оставката на Изет Меџити партијата се уште нема назначено нов координатор.
Иако пред јавноста сакаат да прикажат дека се единствени сепак недоразбирањата меѓу дел од истакнататите членови се уште се присутни.
Тенкото парламентарно мнозинство минатата недела беше тестирано до страна на Премиерот Заев.
Тогаш се обезбеди поддршка од 62-ца пратеници за да неколку денови подоцна Заев излезе и и понуди на опозицијата формирање на широка Влада , предлог кој експресно беше одбиен .
Јулијана Пешевска