Дигитализација и модернизација на доставите до странки, текот на јавните расправи и намалување на трошоците и казните предвидуваат измените на Законот за парнична постапка кои ги изработи работната група во министерството за правда.
Стручната јавноста без или со малку забелешки околу измените кои набрзо ќе бидат доставени до Владата.
Со измените се предвидува намалување на санкциите во постапката и на вкупните трошоци со што надлежните сметаат дека поголем број на граѓани ќе имаат множност да поведат постапки и да ја бараат правдата.
Исто така ќе се дигитализира постапката, односно ќе се воведе он-лајн судење а снимката од рочиштето ќе се смета како електронски записник.
Исто така се поедноставува електронската достава и со тоа ќе се намалаат бројните одлагања на јавните расправи.
Сега судот ќе може да определи вештачење без предлог на странката а вештакот може да се избере електронски по случаен избор од регистарот.
Она што ги засега граѓаните најмногу е дефинирањето на временската рамка на постапката која ќе зaвиси од комплексноста на предметот а рочиштата ќе може да се закажат најмногу до 45 дена од последното рочиште.
Пресуда мора да има најдоцна 15 дена од завршување на јавната расправа.
Експертската јавност со поддршка на измените и мали забелешки како што е допрецизирање на поимот судење од далечина и надвор од судската зграда и можност да се сослушуваат странки кои живеат во странство со двонасочна електронска коуникација.
Од Адвокатската комора ги повика пратениците веднаш да го изгласаат предлог законот.
Огнен Чанчаревиќ