Вести Свет

Папата во Ирак во обид да ги доближи муслиманите и христијаните

Мирот не бара победници или губитници, туку браќа и сестри кои за сите недоразбирања и болки од минатото, го отфрлаат конфликтот и се соединуваат. Ова е пораката на Папата Франциск, кој на својата тридневна историска посета во Ирак се сретна и со најмоќната фигура на шиитските муслимани, ајатолахот Ал ал Систани, кој го отвори својот скромен дом за да го прими понтифот. Услов му беше да не присуствува ниту еден ирачки политичар. Папата Франциск ја истакна тешката положба на ирачките христијани кои со години се гмечени во рацете на сунитските ектремисти, но не се помалку угнетувани и од Шиитите. За Ал Систани – и христијаните во Ирак треба да живеат во мир и безбедност, и со сите свои уставни права. Папата задоволен. Од домот на ајатолахот замина во пустинската рамнина, во градот Ур, родното место на пророкот Абрахам, а од цивилизацијата оддалечен 200-те километри. Тука сме сите дома, рече тој, и токму далечината го истакакна неговото ризичното патување  во Ирак, но и да ја каже својата порака дека оваа земја премногу страдаше. Повика на мир, и го осуди екстремизмот.

Непријателството, екстремизмот и насилството не се родени во религиозното срце. Тие се предавници на религијата. Ние верниците не можеме да останеме безгласни кога тероризмот ја злоупотребува религијата, порача Папата Франциск. 

Пред археолошките ископини на 4000 илјади години стариот град, Папата разговараше со муслиманските, христијанските и језуидските лидери. Доаѓањето на папата во Ирак го гледаат како триумф на доблестите. Сите се согласија за важната порака испратена од понтифот.

На овој форум треба да научиме да се прифаќаме и да ги уриваме ѕидовите. Невозможно е овие бетонски ѕидови да стојат меѓу религијата, хуманоста и земјите. Тоа е важната порака што ја испраќа Папата, рече отец Аврам. 

 

Ја согледуваме потребата од отвореноста меѓу христијанскиот и муслиманскиот свет, за да ни се доближат мислите, да се доближат луѓето и да се разбираат меѓусебно, заклучува Шеик Абдулибрахим Ал Ансари

Една од најстарите христијански заедници живее во Ирак. Но, нејзиниот број значително се намали во изминативе две децении од 1,4 милиони на 250 илјади, што е помалку од 1% од целото ирачко насление. Многумина избегаа од насилтвото што се рашири низ земјата по американската инвазија во 2003-та која го собори Садам Хусеин. Инвазијата го турна Ирак во секташки судири кои траеа со години. По сузбивањето на ИСИЛ во 2017-та, се живее малку побезбедно, сепак Ирак останува и натаму сцена за глобално и регионално решавање на политичките судири.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе